Позначајни настани 2011

На од 04 до 27.07.2011 год. во просториите на МНД се одржа курсот за HACCP: Вршење на Аудит во прехрамбената дејност. Курсот го посетуваа 4 слушатели:

Мимоза Кочовска, Игор Унчевски, Александра Сокароска и Билјана Павлоска. На крајот од обуката беа доделени сертификати.

На 15.07.2011 год. е испратена апликација изработена од Центарот за обука и примена и МНД-Битола за ЕУ Фондот “CIP eco-innovation” со наслов “Environmental protection by saving sanitary, technical – technological water and chemicals for cleaning and disinfection in food production (DRY cleaning) ”. Екипата за изработка на проектот ја сочинуваат поф.д-р.сц.Борис Ангелков м-р.Сузана Шулевска, дипл.инж.Билјана Павловска, дипл.психолог.Александра Сокароска и Елизабета Чашитовска. На 31.08.2011 год. според евалуационите резултати од страна на Селекциониот Комитет, Националниот CIP координатор и проектниот тим на Human Dynamics, оваа апликација е прифатена како една од вкупно три апликации, кои ке добијат понатамошна помош во изработка на проектот од страна на експертот г-ѓа Даниела Ринк.

На 15.07.2011 год. е испратена апликација изработена од центарот за енергетика и екологија за фондот “Elena” на ЕУсо наслов “District heating system for muncipalities of Bitola, Novaci and Mogila with thermal energy form TTP-Bitola ”. Со апликацијата е запознат Градоначалникот на Општина Битола г-дин.Владимир Талески. Во изработка на пликацијата учествуваа: дипл.ел.инж.Јован Јанков раководител на Центарот за екологија при МНД,дипл.инж. Јани Радивчев “Eлем” РЕК-Битола, Жанета Присаѓанец од “Металец”-Припеп, дипл.инж. Горан Неделков од Општина Битола и др.

На 19.07.2011 год. по разговорот со генералниор директор на РЕК Битола, договорено е да се обави разговор со Зоран Михајловски-од службата за техничка сигурност при РЕК-Битола, а во врска со Центарот за енергетика и екологија при МНД со цел да се превземе заедничка активност околу пошумувањето на површините на РЕК-Битола поврзано со “Стентон”-Битола. Договорено е да се изананализираат сите можности во РЕК-Битола за акцијата успешно да се организира оваа есен.

На 21.07.2011 год. во 08:30 е направена работна посета на Институтот за национална историја во Скопје, каде се водени разговори со директорот на Институтот г-дин.Тодор Чепреганов. На разговорот присуствуваа: Претседателот на МНД Битола проф.д-р.сц. Борис Ангелков, д-р Александар Литовски Секретар на Одделението за географија и историја и Здравко Божиновски член на МНД Битола. Разговарано беше за печатењето на материјалите од научниот собир “Битолскиот Руски Конзулат” Посетена беше и Амбасадата на Руската федерација и разговарано беше со Аташето за Култура г-дин. Александар Алексеев за печатењето на зборникот. Исто така беше посетен Генералниот секретаријат на Владата на РМ одделение за соработка со невладини организации каде е разговарано со г-ѓа Сузана Никодијевиќ и каде беа договорени наредните активности.Посетено беше претставништвото на USAID Македонија во врска со огласот за правење на анкета за демократските процеси.Посетена беше редакцијата на часописот “Незаборав” што го издава Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.Посетена беше МАНУ, во врска со организирањето на научно-стручниот собир “Образованието во 21-от век” и донирани се книги од изданијата на МНД за нивната библиотека.

На 22.07.2011 год. Друштвото го посети Славе Николовски –Катин член на МНД со кого беше разговарано за понатамошна соработка на часописот “Прилози” и за новиот научно-стручен собир “Образованието во 21-от век”.

На 22.07.2011 год. излезе од печат новиот двоброј на часописот на МНД “Прилози“ бр 13-14 и за тоа е известено целокупното членство.