Позначајни настани 2011

На 01.06.2011 год. во 13 h. беше одржан состанок на Одделението за уметност, на кој беше избран нов Секретар на одделението м-р Марија Шамоска – Буџаковски.

На 03.06.2011 год. во 12 h. беше одржан состанок на Одделението за општествени науки, на кој беше избран нов Секретар на одделението д-р Дијана Христовска.

На 07.06.2011 год. во 12 h. беше одржан состанок на Одделението за лингвистика и литерарура, на кој беше избран нов Секретар на одделението проф. д-р Валентина Гулевска. Истиот ден во 13 h. беше одржан состанок на Одделението за правни науки, на кој беше избран нов Секретар на одделението д-р Никола Тунтевски.

Во 13:30 h. беше одржан состанок на Одделението за применети науки и медицина, на кој беше избран нов Секретар на одделението д-р Лилјана Кочанковска.

На 08.06.2011 год. започна втората обука за ЕКО-иновации “ЕИП” која ја следеа проф.д-р.сц.Борис Ангелков, дипл.инж. биот. Билјана Павлоска, дипл.ел.инж. Јован Јанков, м-р Марија Котевска и директорите од РЕК-Битола Радивчев Јани и Гоце Николовски. Елаборирани беа две проект-идеи во две посебни работилници. Обуката заврши во 16:30.

На 09.06.2011 год. обуката продолжи со елаборација на двете проектни идеи. Обуката ја водеа обучувачите Даниела Ринк (Daniela Rink) од Германија и Лариса Водеб (Larisa Vodeb) консултант од Словенија. Обуките се изведуваа во Битола и завршија со заклучок да двете проект идеи се доелаборираат и се достават како апликации до Министерството за економија до 17-ти Јули. Обуката заврши во 16:30.

На 09.06.2011 год. во 15:00 во посета на МНД беше дојдена група на француски студенти (23 студенти и 2 наставници) од “Enilia” од Универзитетот во Нант Франција. Претседателот на МНД Битола ги запозна со некои основни туристички карактеристики на градот Битола и Охрид, исто така ги информира за дејноста на МНД, и работата на Француската Алијанса во Битола. Студентите, исто така, беа во посета на неколку прехрамбени објекти во Битола.

Од 15 до 23.06.2011 год. се одржа втората обука за лобисти која ја водеа генералниот Секретар на Хрватското Друштво на лобисти од Загреб Иван Вуковиќ и м-р Маријан Танушевски. Кандидатите ги поздрави Претседателот на МНД Битола проф.д-р.сц. Борис Ангелков и ги запозна со некои размислувања за сиромаштијата во некои  земји. На крајот од обуката беа доделени и сертификати.

На 16.06.2011 год. беше промовирана најновата книга на хрватскиот Амбасадор во Р.Македонија проф.д-р.Златко Крамариќ под наслов “За Македонија”. Амбасадорот беше во посета на МНД, а исто така и кај Ректорот на Универзитетот “Св.Климент Охридски” -Битола.

На 25.06.2011 год. беше одржано дефиле на членовите на Здружението на лица со телесен инвалидитет “Мобилност”-Битола за кое нешто беше доделена Благодарница на МНД Битола како поддржувач на активностите на ова Здружение.

На 27.06.2011 год. во посета на МНД беше проф.д-р.Лили Стојановска дописен член на МНД, од Универзитетот во Мерлбурн. Во разговорот со Претседателот на МНД
проф.д-р.сц.Борис Англеков се покренаа две прашања за соработка:

  1. Организирање на стручно-научна родокрајна средба на нашите познати и признати стручњаци, истражувачи, научници, универзитетски наставници и др.
  2. Учество на Лили Стојановска во курсевите за нутриција што ќе ги организира Центарот за безбедност и квалитет на храна при МНД преку методата “Учење на далеку”

На 28.06.2011 год. во 21:00 се одржа свеченото отворање на летната сцена Амфитеатар “Тумбе Кафе” на кое настапи вокално-инструменталниот состав “Ad Libitum art”, кој што работи во рамките на МНД-Битола.Диригент д-р Екатерина Јосифовска.

На 29.06.2011 год. Претседателот на МНД проф.д-р.сц.Борис Ангелков изврши прием на преставникот на Сојузот за пензионери-Битола г-дин. Стево Бојаџиев за подоготовка на апликации преку Центарот за применти медицински науки на конкурсите FP-7 и USAID програмата.

На 29.06.2011 год претседателот на МНД проф.д-р.сц.Борис Ангелков изврши прием на професорите Џеладин Мурати и Шакир Алити од Универзитетот во Тетово. Разговарано е за намерата во Тетово да се организира Друштво за наука и уметност и во тој контекст разговарано е за историјата на МНД и понудена им е помош при изготвувањето на нормативните акти.