Петре Димовски добитник на наградата “Стале Попов”

Писателот Петре Димовски за романот “Бродови” во конкуренција од 18 дела, ја доби престижната награда за проза на Друштвото на писателите на Македонија “Стале Попов” за најдобра книга објавена од минатата година.

Жирито на познатата награда со кое престедаваше Ермис Лафазановски, а во кое членуваат и Ефтим Клетников и Мишел Павловски, романот “Бродови”(издание на “Панили”) го опишува како “лесно читлива, но сеопфатно длабока проза која со својата возбудлива приказна никога не остава рамнодушен”

“Метафорички и повекефункционални, бродовите на Димовски во исто време ја претставуваат Македонската населба Брод среде големата војна, бродот што плови кон Австралија и назад до родниот крај и, конечно, бродот што престставува метафора за миграциите и емиграциите” се вели во образложението на жирито.

Наградата му беше дпдечема ма 13.02.2012 год. на денот на добележувањето на Јубилејот-65 годишнината од основањето на Друштвото на писатели на Македонија.