ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО ЗА КУЛТУРА – ЛИТЕРАТУРА, ДРАМСКА УМЕТНОСТ, ФИЛМ И ИЗДАВАШТВО „СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ“ БР. 19 ЗА 2026

Македонското научно друштво – Битола го објави бројот 19 од Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ за 2026 година, кое се издава со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на РСМ.

Списанието го уредува редакција во состав: Весна Мундишевска Велјановска (главен уредник), проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, проф. д-р Силвана Нешковска и доц. д-р Анита Ангелевска (уредници), во соработка со меѓународен уредувачки одбор во состав: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија/ Босна и Херцеговина), проф. д-р Тземин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), вонр. проф. д-р Михо Нонака (Јапонија/ САД), Олга Лалиќ-Кровицка (Полска), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина) и Жермен Дрогенброт (Белгија/ Шпанија).

„Современи дијалози“ бр. 19 содржи прилози од вкупно 39 автори и 7 ликовни уметници. Читателите можат да прочитаат поезија од: Даниела Андоновска-Трајковска, Славица Гаџова Свидерска, Марина Димитриева-Ѓорѓиевска, Драгана Евтимова, Весна Мундишевска-Велјановска, Силвана Нешковска, Борче Панов, Христо Петрески, Васил Тоциновски и Бранко Цветковски; проза од: Петре Димовски и Божин М. Андоновски; извадок од пиеса за деца и млади од Елизабета Јончиќ; согледби од: Златко Жоглев, Гордана Јовиќ-Стојковска и од Кшиштоф Плешњаровиќ од Полска.

Во рубриката „Акценти“ застапени се дел од бројните активности на МНД, со акцент на Втората меѓународна манифестација „Книжевни вертикали“ во организација на Македонското научно друштво – Битола.

Во рубриката „Паралели“ посветена на меѓународната соработка, застапени се 23 автори од 17 земји: Албанија, Аргентина, Белгија, Бугарија, Грција, Ирак, Италија, Кина, Кореја, Полска, Португалија, Саудиска Арабија, Сирија, Словачка, Србија, Црна Гора и Шпанија.

Корицата ја дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со илустрација од ликовниот уметник Ниче Василев, а во овој број на списанието објавени се и 6 илустрации од ликовните уметници Бурхан Ахмети, Фјамета Белати, Филип Јовески, Башким Меџити, Љубица Мешкова Солак и Недељко Симаниќ, како најава за секоја рубрика.

Во овој број на списанието со преводи на творби од странски автори соработуваа: Даниела Андоновска-Трајковска, Стенли Баркан, Ристо Василевски, Милијан Деспотовиќ, Жермен Дрогенброт, Гордана Јовиќ-Стојковска, Елизабета Јончиќ, Олга Лалиќ Кровицка, Весна Мундишевска-Велјановска, Лемонија Мурка, Силвана Нешковска, Борче Панов, Фуад Рифка, Звонко Танески и Надја Хавандана.

Списанието е достапно и во електронска верзија која може да се најде на вебстраницата на Македонско научно друштво – Битола https://mnd-bitola.mk/wp-content/uploads/SOVREMENI-DIJALOZI-19_2026_Contemporary-dialogues.pdf .