Одбележување на 5 мај – Денот на македонскиот јазик

 

На покана на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп, директорот Благој Атанасоски и г-ѓа Лилјана Неделкоска, МНД-Битола учествуваше во заедничкото одбележување на 5 мај – Денот на македонскиот јазик. Споделувајќи ги своите искуства од долгогодишното искуство и работа проф. д-р Виолета Јанушева и вонр. проф. д-р Силвана Нешковска ја водеа трибината на тема „Употребата на македонскиот јазик во практиката“  на која исто така активно учество низ дискусијата зедоа д-р Невена Груевска, претседател на МНД-Битола, д-р Добри Петровски, Декан на Педагошкиот факултет од Битола, членови на МНД-Битола и група студенти од Педагошкиот факултет.

Оваа трибина се одржа во с. Небрегово, родното место на великанот Блаже Конески.