Одбележување на 21 Март – Светскиот ден на поезијата

Одбележување на 21 Март – Светскиот ден на поезијата како настан се одржа во организација на Македонското научно друштво –  Битола, Пелагонските културно – научни средби и Битолскиот книжевен круг во салата за промоции на НУУБ „Св.Климент Охридски“– Битола.

Овој настан беше организиран со заедничка цел – чествување на ликот и  делото на два значајни писатели авторот Панде Манојлов и авторот Радован П. Цветковски. За таа цел  свои пригодни обраќања имаа д-р Невена Груевска, претседател на МНД – Битола, д-р Весна Калпаковска, претседател на Пелагонските културно – научни средби и Елизабета Јончиќ, претседател на Битолскиот книжевен круг.

За животот и делото на двата автори свои излагања имаа : Биљана Т. Димко, проф. д-р Даниела А. Трајковска, вонр. проф. д-р Гордана Стојановска, Добре Тодоровски, проф. д-р Златко Жоглев, вонр. проф. д-р Силвана Нешковска. Нивните обраќања беа придружени со рецитал од поезијата на двата автори подготвен од страна на група студенти на Педагошкиот факултет во Битола.