МНД-Битола на годишното Собрание на МАНУ

Претседателот на МНД-Битола, вон. проф. д-р Марјан Танушевски учествуваше на годишното Собрание на МАНУ.

По подолго време, МНД-Битола официјално учествува на овој настан со кој се одбележува годишното работење на МАНУ.

Во 2018 година МНД-Битола во соработка со МАНУ приреди академски час со претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, организираше промоција на книга од академик Георги Старделов, а во 2018 година беше потпишан Меморандум за соработка со Центар за стратегиски истражувања на МАНУ и МНД-Битола, кој го официјализираа претседателот на МНД-Битола, д-р Танушевски и академик Владо Камбовски.