Седници на Управен одбор на МНД-Битола

Управниот одбор на МНД- Битола првата седница во новоизбраниот состав ја одржа на 29 август 2016 година.

На состанокот одржан во проширен состав беше избран новиот состав на Уредувачкиот совет на МНД, а беа донесени и неколку одлуки меѓу кои за динамиката на одржување тематски конференции како и посебна одлука за начинот и принципите за реализација на издавачката дејност

 

Својата втора седница Управниот одбор ја одржа на 22 септември 2016 година.

Според востановената традиција седницата се одржа во проширен состав и со учество на членовите на Уредувачки совет, Надзорен одбор, Етичка комисија и раководителите на Центрите за апликативна дејност. На состанокот се донесоа неколку одлуки меѓу кои и повик за учество на Конкурсот на Министерство за култура за финансирање проекти од национален интерес.

 

Трета седница на Управен одбор на МНД-Битола беше одржана на 31 октомври 2016 година.

На состанокот беа разгледани повеќе актуелности од надлежност на Управниот одбор, а беше донесена одлука за начинот на обезбедување донации и спонзорства за поддршка на работата на МНД – Битола за што има соодветно законско решение.

МНД-Битола низ проактивен јавен процес ќе ја информира јавноста за начинот на зачленување во МНД за што на располагање е и веб страната на МНД-Битола.

 

УО на МНД-Битола својата четврта седница ја посвети на подготовките и утврдување Програма за заедничка организација на јавен академски настан со МАНУ, промоција на писателот Владимир Костов во почесен член на МАНУ.

 

УО на МНД-Битола на 26.12.2016 г., одржа 5-та седница на која беа прифатени Нацрт-Предлог Измени и дополнување на Правилникот за издавачка дејност на МНД-Битола, Информација за текот и постапката за објавување на публикацијата „Нов практичен водич за лобирање“ од авторот доц. д-р Марјан Танушевски, издание на МНД-Битола со која беше констатирано дека е испочитуван Правилникот за издавачка дејност во МНД-Битола, а беше донесена и одлука за објавување – Јавен повик за членови на уредувачки одбор и рецензенти за списанието „Прилози“ на англиски јазик. На 5-та седница членовите на УО на МНД-Битола донесоа одлука за прием на нови членови во Друштвото.

 

УО на МНД-Битола на 09.02.2017 ја одржа 6-та редовна седница на која меѓудругото беа донесени одлуки за прием на Академик Таки Фити, претседател на МАНУ за почесен член на МНД-Битола, одлука за прием на проф. д-р Костадин Пушара, професор емиритус за почесен член во МНД-Битола и проф. д-р Љупчо Тодоровски за прием како дописен член на МНД-Битола. На седницата за редовен член беше примена д-р Луиза Велјановска.

 

УО на МНД-Битола на 07.03.2017 ја одржа 7-та редовна седница на која меѓудругото беше донесена одлука за прием на м-р Николче Трајчески за редовен член на МНД-Битола.

 

УО на МНД-Битола на својата 8-ма седница ги усвои Извештајот за финансиското работење во МНД-Битола во периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 година, Информацијата за финансиската поддршка на проекти на МНД-Битола од Националната програма на Министерство за култура, а со одлука на УО на МНД-Битола усвоен нов Правилник за издавачката дејност на МНД-Битола, кој го изработија членовите на Уредувачкиот Совет на МНД-Битола.

 

На 9 седница одржана на 09.05.2017 г., УО донесе одлуказа организирање на Академски час со проф. Ферид Мухиќ „Зрелото доба -огледало на животот или не?“.

 

На 10 седница одржана на 21.06.2017 г. УО донесе одлуки за организирање меѓународна конференција на тема „Образование на крстопат – состојби, решенија, перспективи“, одлуки за отпочнување постапка за објавување книга од авторот д-р Ѓоре Михајловски, член на МНД-Битола и од проф. д-р Даниела А. Трајковска. На оваа седница за редовен член на МНД-Битола беше примен д-р Александар Трајковски.

 

На 11 седница што се одржа на 12.09.2017 г. УО на МНД-Битола меѓудругото донесе Одлука за ангажирање на Ивана Степанулевска, како технички секретар во МНД-Битола.

 

На 12 редовна седница што се одржа на 07.11.2017 г., УО расправаше по 4 точки од дневниот ред, и донесе одлука за почнување постапка за публикување на книга „Застапување на правните субјекти во светот и Р.Македонија“ од авторот Флорина А. Бакиевска, а беше разгледана и информација за текот на јавниот Конкурс на Министерството за култура за финансирање на проекти во рамки на Националната Програма на Министерството за култура за 2018 година.

 

Управниот одбор на МНД-Битола својата 13 седница ја одржа на 25.12.2017 г. На оваа седница беа разгледани и усвоени Извештај за одржаната меѓународна конференција на тема  „Образование на крстопат – состојби, решенија, перспективи“, Извештај за издавачката дејност на МНД – Битола, беше донесена Одлука за почнување постапка за публикување на книга „ Современ менаџмент на Системот за заштита и спасување“ од авторот проф. д-р Менде Солунчевски и се разгледа информација за текот на подготовките за изработка на Програма за работа во 2018 година.

 

Управниот одбор на МНД-Битола, првата седница во 2018 година, односно 14 седница по ред, ја одржа на 12.02.2018 г. На оваа седница беше донесена Одлука за утврдување Програма за работа на Одборите, Советот, Одделенијата и Комисиите на МНД-Битола за 2018 година, Одлука за потпишување Договор за соработка со БАС Институт за менаџмент-Битола, и исто така беше утврден план за промоција на монографијата „Борислав Траиковски“ .

 

УО на МНД-Битола својата 15 седница ја усвои Завршната сметка за финансиското работење на Друштвото во 2017 година, донесе одлука за потпишување нов Договор за соработка и користење на заедничките инсталации во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, и без забелешки донесе одлука за прием како редовни членови на д-р Гоце Ѓоргиев, д-р Зоран Николовски и д-р Виктор Митревски. Членовите на УО на МНД-Битола беа запознати со пропустите кои МНД-Битола ги направило во издавачката дејност кон НУУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје (каталогизација) во однос на недоставени задолжителни 5 примероци од секоја издадена книга во периодот 2011-2016 година.

УО на МНД-Битола својата редовна 16 седница ја одржа на 25.04.2018 година на која беше донесена Одлука изборното Собрание на МНД-Битола да се одржи на 29.05.2018 година.