МНД-Битола претставени на меѓународна научна конференција на БАС Институт за менаџмент-Битола

Македонско научно друштво- Битола се претстави на меѓународната научна конференција „Современети менаџерски предизвици и организациските науки“, чиј домаќин и организатор се БАС Институт за менаџмент и БАС-Скопје. Конференцијата што се одржа од 4 до 6 ноември ја отвори доц. д-р Лидија Стефановска, директорка на БАС Институт за менаџмент, воедно и член на Управниот одбор на МНД- Битола, а учесниците на академскиот собир ги поздрави доц. д-р Марјан Танушевски, претседател на МНД- Битола.