МНД-Битола со поддршка на Меѓународен Конгрес за историја на медицината

МНД- Битола јавно ја поддржа организацијата и одржувањето на Петтиот Македонски Конгрес за историја на медицината. Високиот академски настан се одржа на 14 и 15 октомври во Битола, а  во организацискиот дел голем ангажман имаше прим. д-р Мери Џарлиева, секретар на Одделението за применети науки и медицина при МНД- Битола. На конгресот пригодно обраќање имаше доц.д-р Марјан Танушевски, претседател на МНД-Битола.