МНД-Битола со изложба на книги на Меѓународна научна конференција на Педагошки факултет-Битола

МНД – Битола на 5 и 6 октомври приреди изложба на книги, дел од своите и други изданија од библиотеката на МНД. Книгите беа изложени за време на одржувањето на меѓународната научна конференција чиј домаќин и организатор беше Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ -Битола. Третата меѓународна конференција посветена на „Образованието и истражувањето низ времето и просторот“ ја отвори деканот на Педагошкиот факултет д-р Валентина Гулевска, воедно претседател на етичката комисија при МНД- Битола