Избрано раководство на МНД-Битола за периодот 2022-2024 година

МНД-Битола го одржа редовното изборно Собрание на кое повторно за претседател на МНД-Битола е избрана д-р Невена Груевска, за потпретседател м-р Николче Трајчевски, а за претседател на Уредувачки Совет, д-р Никола Главинче.

Во УО на МНД-Битола ќе членуваат д-р Гоце Маркоски, д-р Ице Илијевски, д-р Весна Карапетковска-Христова, д-р Тања Струмениковска-Ристевска, д-р Жанета Сервини, д-р Екатерина Михељкис, д-р Силвана Нешковска и д-р Весна Калпаковска.

Во НО на МНД-Битола избрани се д-р Моника Ангеловска-Дичовска, д-р Лидија Ѓошевска и д-р Наташа Мојсоска.

Во Уредувачки Совет избрани се д-р Никола Главинче, д-р Лидија Стефановска, д-р Мимоза Богданоска – Јовановска, д-р Нико Јанков и д-р Марија Котевска – Димовска.

Во Етичка Комисија избрани се д-р Мери Џарлиева, м-р Емилија Сарафска и д-р Билјана Маркоска.

На изборното Собрание едногласно беа прифатени Извештајот за работата на МНД-Битола во 2020-2022 и Програмата за работа во 2020-2022 година.