ЈОВАН Д. КОЧАНКОВСКИ одржа историски час во МНД-БИТОЛА

Професорот Јован Д. Кочанковски, единствен жив потписник на иницијативата за основање на ДНУ-Битола, денешно МНД-Битола одржа историски час и потсети на денот кога на 25 април 1960 година беше основано Друштвото, и неговата одлука во младоста да биде еден од основачите на Друштвото.

Професорот Јован Д. Кочанковски заедно со членовите на актуелното раководство на МНД-Битола воедно го одбележа својот 89 роденден.