Трибина – „Енергетската ефикасност како предизвик за поквалитетен одржлив развој на средината“

 

 

 

 

Во организација на одделението за технички науки на МНД-Битола се одржа трибина на тема : „Енергетската ефикасност како предизвик за поквалитетен и одржлив развој на средината“. Овој настан се одржа на 14.03.2022 год, по повод – Одбележување на 5 Март – Светскиот ден на енергетската ефикасност, во салата за промоции на НУУБ „Св. Климент Охридски“ -Битола.

Настанот со свое обраќање го отвори доц. д-р Невена Груевска, претседател на МНД-Битола, а свои излагања и презентации имаа – проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука при УКЛО – Битола, м-р Весна Неделковска, м-р Емилија Сарафска и дипл. маш. инж. Горан Неделков.