Македонското научно друштво и општината Новаци по повод 108 годишнината од смртта на Дедо Кољо Добровенски, мариовско-лерински војвода организираат комеморативна академија.Комеморацијата ќе ја отвори проф.др.Борис Ангелков, претседател на МНД Битола, а пригоден говор ќе одржи Лазар Котевски градоначалник на општината Новаци.
На академијата ке се изврши промоција на книгата “Дедо Кољо Добровенски”, мариовско-лерински војвода од авторот Ѓорѓи Лазаревски. Промотор на книгата ќе биде проф.Никола Миновски а, конферансие и рецитација Билјана Талевска и дипл.псих.Александра Сокароска.
Академијата ке се одржи во салата за промоции на НУУБ “св.Климент Охридски” на ден 21.02.2012 (вторник) во 12 часот.