Позначајни настани 2011

На 03.12.2011 год. се одржа свечено доделување на инвалидска количка на соработничката на ЦОБ Симона Јовевска, дипл.инж.биотехнолог како донација од клубот “Lions”-Битола, по повод 3-ти Декември-денот  на инвалидите во светот. На свеченоста присуствуваше Претседателот  на МНД проф.др.сц.Борис Англеков, по покана на Претседателот на организацијата на инвалидите на Битола прим.д-р.мед. Нико Јанков, член на МНД.

На 05.12.2011 год. се одржа промоција на четири книги од авторот проф. д-р Томе Груевски, во организација на „Битолски весник“ и МНД Битола. Промотор беше проф.др.сц. Борис Англеков, Претседател на МНД Битола. Промоцијата е изведена во малата сала на Центарот за култура-Битола.

На 05.12.2011 год. излезе од печат програмата и зборникот на трудови од третиот научно-стручен собир  “Образованието во 21 век”  во печатена и во електронска форма, во издание на МНД Битола. Книгата содржи 271 стр., фромат 23cm, и отпечатена е во 250 примероци.

На 06.12.2011 год. се одржа редовната 53-та седница на Управниот Одбор, каде беше поднесен усен извештај за извршените подготовки за претстојниот научно-стручен собир  “Образованието во 21 век” .

На 09.12.2011 год. во 10:00 во Центартот за култура-Битола се одржа третиот научно-стручен собир  “Образованието во 21 век” на кој учествуваа 170 учесници (автори и коавтори). На собирот гостуваа сегашниот Претседател на МАНУ, акд.д-р.Георги Старделов и

акд.проф.д-р.Владо Камбовски, новоизбраниот Претседател на МАНУ. Собирот беше со меѓународно учество (Р.Албанија, Р.Хрватска, Р.Србија и Р.Бугарија) како и учесници од цела Македонија(Скопје, Велес, Штип, Прилеп и Тетово).

На 16.12.2011 год. се одржа комеморативна академија по повод 90 години од смртта на Македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во организација на Одделението за историско-географски науки при МНД Битола. Конференцијата ја отвори Претседателот на МНД, проф.д-р.сц.Борис Ангелков, а на неа говореше д-р. Александар Литовски.