Позначајни настани 2011

На 07.11.2011 год. во 13:30 се одржа вонредна седница (52-ра) на Управниот Одбор на МНД. Како најзначајна точна на  Дневниот ред беше усвојување на текстот на демаршот на МНД кон ЕУ по повод последниот извештај во кој е изоставена придавката “македонски”, кој е доставен до Штефан Филе-еврокомсарот како и до сите домашни медиуми.

На 07.11.2011 год. излезе од печат книгата “Статии за македонската национална историја, македонската борбена поезија, заштитата на македонскиот јазик и друго” од проф. Здравко Божиновски во издание на МНД Битола. Книгата содржи 304 стр., фромат 23 cm, и отпечатена е во 500 примероци.

На 09.11.2011 год. МИА го објавува демаршот на МНД кон ЕУ по повод последниот извештај во кој е изоставена придавката “македонски”.

На 10.11.2011 год. се одржа  Македонско-Албански форум во хотел “Капри” Битола како дел од европскиот проект “Интегриран одржлив менаџмент на околината со користење на систем за поддршка на одлучувањето”,но кој присуствуваше проф.д-р.сц. Борис Ангелков. На форумот настапи координаторот на проектот проф.д-р.Игор Неделковски, како и проф.др.Александар Маркоски, м-р Жанета Сервини, членови на МНД и др.

На 11.11.2011 год. излезе од печат книгата “Медицинска сексологија”  од проф.д-р.Миле Миќуновиќ во издание на МНД Битола. Книгата содржи 163 стр., фромат 21cm, и отпечатена е во 500 примероци.

На 14.11.2011 год. се одржа  “Саем на претприемачки идеи” во хотел “Милениум” во организација на БАС во партнерство со Тера ТВ и Регионалната стопанска комора. Студентите и постдипломците од БАС ги представија своите претприемачки идеи. Манифестацијата ја следеше проф.д-р сц. Борис Ангелков.

На 17.11.2011 год. група од 18 членови на Центарот за едукација и негување на традицијата и фолклорот, беа во посета на Ансамблот “Благоја Павловиќ”-Војводина Р.Србија. Претставниците на Центарот разменија идеи и искуства важни за понатамошното фукнционирање на Центарот и договорија понатамошна професионална соработка. Посетата траеше до 23 Ноември.

На  18.11.2011 год. со почеток во 11:00 кај месноста-чешмата кај “Пожарната” се одбележи 67-годишнината од формирањето на Првата македонско-егејска НОУБ бригада, каде делегации од општината Битола, на политичките партии од Битола и на здруженијата на граѓани положија цвекиња на спомен обележјето. На ова одбележување присуствуваше Претседателот на МНД проф.др.сц.Борис Англеков.

На 18.11.2011 год. се одржа приредба и мини изложба на детски цртежи во малата сала на Центарот за култура-Битола во организација на Центарот за човекови права-АМОС. На овај настан присуствуваше Претседателот на МНД проф.др.сц.Борис Англеков, а го организираше м-р Сашо Кочанковски, член на МНД.