МНД-Битола вклучени во националниот Совет за развој на граѓанскиот сектор

Македонско научно друштво-Битола директно, со свој претставник ќе учествува во работата на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор во кој членуваат 15 претставници од владините министерства и 16 претставници на граѓански организации.

На конституивната седница на Советот, што се одржа во Владата на Република Македонија, три годишен мандат доби универзитетската професорка Мимоза Богданоска Јовановска, член на МНД-Битола, избрана за секторот наука, образование и доживотно учење.