Позначајни настани 2011

На 02.03.2011 год. Се одржа 48-та редовна седница на Управниот Одбор на МНД Битола на која се разгледуваше завршната финансиска сметка за 2010 год. , исто така беше усвоен предлогот за формирање на центри за обука и примена: Центар за енергетика и екологија, Центар за етнологија и фолклор, Центар за Односи со јавноста и журналистика.

На 09.03.2011 год. МНД во соработка со Друштвото за македонско-еврејско пријателство-Битола и НУ Завод и Музеј-Битола организираа: Комеморација по повод на депортацијата на еврејското население од Битола на 10/11 Март 1943 кој се одржа во 18:00 во клавирската сала во НУ Завод и Музеј-Битола.Пригодно предавање поднесе  доц. д-р Никола Димитров. Настап имаше и Камерниот хор „Ad libitum art “ при МНД под диригетство на д-р Екатерина Јосифовска.

На 12.03.2011 год. во 12:00 во Скопје, од страна на ЕЛСА РМ-европско здружение на студенти по право во Македонија, кое функционира во рамките на Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје, се одржа обуката за студенти на тема лобирање. Предавањата ги водеше раководителот на центарот за лобирање при МНД м-р Марјан Танушевски.

На 28.03.2011 год. во 12:00 се одржа годичното Собрание на МНД кога им беа доделени признанија на заслужни членови на МНД Битола и други поедници и организации, по повод 50 годишнината на МНД. Согласно донесената Одлука на Свечената седница на Собранието одржана на 02.11.2010 год.. За почесни членови на МНД Битола беа избрани: Почесен доктор на науки на Универзитетот „ Св. Климент Охридски “-Битола проф. Владимир Костов, Академик Владо Камбовски, Академик Глигор Каневче. На Собранието се усвои предлогот за новиот Статут на МНД, усогласен со новиот Закон за здруженија и фондации донесен во 2010 год.