Позначајни настани 2011

Од 08 до 10.09.2011 год. се одржа “Семакедонска венчавка” која ја организираше Центарот за етнологија и фолклор при МНД. Венчавката беше прогласена за отворена од страна на Градоначалникот г-дин Владимир Талевски и Секретарот на Митрополијата Протојереј ставрофор Никола Грамбозов, како овластен од Преспанско-Пелагониската епархија. На венчавката учествуваа 13 брачни двојки од повеќе градови на Републиката и од Р.Албанија. Венчавката се одржа во црквата “Св Димитрија”.Во културно-забавниот дел учествуваа познати уметници и културно уметнички друштва. Кумството го превзеде фирмата “Стентон Градба”-Битола.

На 09.09.2011 год. во посета на Друштвото дојде сопругата на покојниот новинар Спиро Мачевски чија монографија минатата година ја издаде МНД. Таа депонира два примероци од оваа монографија за библиотеката на Друштвото.

На 12.09.2011 год. Претседателот на МНД Битола со соработничките Александра Сокароска и Билјана Павлоска беа во посета на НУУБ „Св.Климен Охридски“- Скопје и депонираа: 25 монографии на прим. д-р сц.Димитар Котевски , и по 40  Библиографии 1990-1995; Библиографија 1995-2010. Исто така, го посетија Министерството за култура-Скопје поради склучување на договор за откупени книги по оглас. Тие зедоа учество и на Инфо денот на FP-7 програмата на Технолошко-миталуршкиот Факултет.

На 16.09.2011 год. се одржа 51-та седница на Управниот Одбор на МНД на која членовите беа информирани за поднесените апликации за SOROS, USAID и CIP и за организирањето на “Родокрајна средба”.

На 19.09.2011 год. во 11:30 се одржа состанок на програмскиот комитет на научно-стручниот собир “Образованието во 21-век”.На состанокот беа присутни Претседателот на МНД проф.д-р.сц.Борис Ангелков, проф.д-р.Цветко Смилевски,

д-р.Дијана Христова, проф.Емилија Костурски, проф.д-р.Викторија Петковска каде беше извршена поделба на одговорностите по секции.

На 21.09.2011 год.  беше одржана манифестација во чест на Меѓународниот ден на мирот. На маршот учествуваше Претседателот на МНД проф.д-р.сц.Борис Ангелков и други поединци-членови на МНД.

На 23.09.2011 год. во 20:00 отпочна манифестацијата “Ноќ на истражувачите” која традиционално ја организира Уневерзитетот “ Св.Климент Охридски” –Битола. На овогодишната манифестација за прв пат е покането и МНД-Битола да учествува со само еден штанд . Управниот Одбор одлучи на оваа манифестација да настапи
прим.д-р.сц.Петар Аврамовски за да ги презентира своите дваесеттина патенти, рационализации и иновации во областа на медицината, кои во изминатиот период се вреднувани  и на меѓународно ниво.

На 26.09.2011 год. во официјална посета на МДН дојде м-р.Разме Кумбароски-директор на Медитеранска Академија “Браќа Миладиновци”-Струга. Причина за посетата беше воспоставување на поголема и поефикасна соработка помеѓу МНД и оваа Академија. Имено предложи по повод “4-ти Ноември” да се организира поетска вечер со познати творци од целата држава во Битола, за што достави писмено барање и предлог,кои беа доставени до Општината но не беа прифатени.

На 26.09.2011 год. излезе од печат книгата “Основи на хрирургијата”  од проф.д-р.Миле Миќуновиќ во издание на МНД Битола. Книгата содржи 442 стр., фромат 24cm, и отпечатена е во 500 примероци со голем број на илустрации во боја.

На 27.09.2011 год. во неформална посета на МНД дојде писателот Панде Манојлов-еден од постарите членови на МНД, кој што донесе една несекојдневна пријатна вест  дека негови стихови преведени на англиски јазик се објавени во палестинскиот часопис “Palestine chronicle”. Овие песни се превземени и во други арапски весници и во еден француски весник.