Интерфест – три децениски културен белег на Битола

Во рамките на Интерфест, од страна на МНД- Битола на 09.10.2023 во Офицерски дом – Битола
беше организиран настан на којшто присуствуваа брачниот пар Шперовиќ- Рибарски, заслужни
за она што е Интерфест денес. Присутните на настанот имаа чест да уживаат во вечер каде што
Шперовиќ- Рибарски раскажуваа за почетоците на она што е белег на Битола – Интерфест,
покрај тоа беа вклучени и други гости кои овозможиле овој фестивал да го достигне врвот.
Покрај разговорите со брачниот пар, односно трибината предводена од м-р Емилија Сарафска,
присутните ги се присетија на врвните изведувачи кои учествувале на Интерфест настапувајќи
на Битолската сцена преку видео снимка, проследено со значајна видео снимка на парот
Шперовиќ- Рибарски. Уште еден величествен настан кој е доказ за неуморната работа на
Битолчани и за љубовта кон Битола.