ДОЦЕНТ Д-Р НЕВЕНА ГРУЕВСКА ИЗБРАНА ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МНД-БИТОЛА

Доцент д-р Невена Груевска е нов претседател, и прва жена претседател на Македонско научно друштво-Битола. Одлуката за избор на д-р Груевска е донесена на редовно изборно Собрание кое се одржа на 29.09.2020 год. во Пациото на НУ Завод и Музеј – Битола.

Членовите на изборното Собрание на МНД-Битола едногласно го усвоија Извештајот за работата на МНД-Битола во периодот 2018-2020 година кој го презентираше досегашниот претседател, проф. д-р Марјан Танушевски, и исто така едногласно изгласаа во наредниот двегодишен период, функцијата потпретседател да ја врши вонреден проф. д-р Сашо Кочанковски.

Со одлука на членовите на Собрание на МНД-Битола, избрани се и нов состав на Управен одбор, Уредувачки Совет, Надзорен одбор и Етичка комисија.