УЧЕСТВО НА МНД НА РЕМА 2025

Македонското научно друштво – Битола учествуваше со свој штанд на книги на меѓународната конференција „Образование преку границите (Education across Borders) – РЕМА 2025 (REMA 2025) која се одржува по шести пат во коорганизација на Педагошкиот факултет од Битола, Педагошкиот факултет од Лерин и Педагошко-филолошкиот факултет од Корча. На штандот беа изложени книги кои МНД ги има издадено во последните десет години. Исто така, во рамките на конференцијата беше одржана и свечена седница за одбележување на јубилејот 30 години од основањето на Педагошки факултет – Битола на која присуствуваа и ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски, претседателот на Сенатот на УКЛО, проф. д-р Филип Поповски, градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски и проректорката на Универзитетот во Кожани, проф. д-р Елени Грива. Факултетот изрази благодарност до претставниците на институциите со кои соработува изминативе години, до поранешните вработени кои дадоа непроценлив придонес за развојот на факултетот, до сите студенти и ученици како и до нивните ментори. Во тој контекст деканката на Педагошкиот факултет – Битола, проф. д-р Данче Сивакова Нешковски додели благодарница на Македонското научно друштво – Битола за долгогодишна и исклучително успешна соработка на претседателката на МНД, проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска.