La paloma bjanka

La paloma bjanka

По повод 66 годишнината од Холокаустот-депортацијата на битолскитре и македонските Евреи на 11 март 1943 година во фашистичкиот логор Треблинка во Полска, Димитар Димитровски-Такец до Управниот одбор на МНД-Битола поднесе предлог проект со наслов ,,La paloma bjanka” (,,Бела гулабица”), кои на седницата што ја одржа Управниот одбор на крајот на јануари 2009 година овај проект беше усвоен.

Подготовките на проектот траеја 40 тина дена (февруари-март), при што особено е за истакнување мошне посветено беше ангажиран младиот камерен состав на академскиот хор ,,Бутелиот класик хорус” под диригенство на Маестрата Лилјана Трајковска. Во интензивните подготовки успешно беа подготвени предвоени класики и евергрини: ,,Песна на слободата”од филмот ,,Со крст и меч” во кој насловната ролја ја толкуваше познатиот пејач Дон Хозе Махиќа, потоа ,,Песната на Гаучите” од аргентинскиот филм ,,Серенада на Гаучите”, како и ,,Одломка “од Бизеовата опера ,,Кармен” – ,,Идат денови, идат несреќи …”, сите на шпански јазик.
Хорот за кратко време ја приготви партитурата на Верди – Хорот Набуко во пијано придружба на Весна Дамјановска.
Треба да се нагласи дека манифестацијата ја придружи афирмативно плакат што го дизајнираше Д.Д.Такец, а го изработи позната битолска печатарска фирма ,,Графопром” која го подари на МНД.
Вредно е да се истакне и податокот дека публиката што го проследи овај несекојдневен и уникатен меморијален концерт,претежно од високата битолска интелегенција,И денес по два месеци,сеуште емотивно се присетува за настанот.
Еве како новинарот на битолски весни Драган Ристевски го доживеја тој настан:
,,Драматиката на овај меморијален проект за некогашните наши сограѓани, авторот , сценарист и реализатор, Димитар Димитровски -Такец, ја започнува од 1939 година, се задржува на денот кога фашистичките окупатори во Битола собираат 3120 Евреи, колку што и живеат во тоа време во Битола со цел да го транспортираат во логорот на смртта Требелинка во Полска.

По поздравниот говор на Др Борис Анѓелков, претседател на МНД-Битола кој беше носител на овај проект, на присутните им се обрати Проф Ѓорги Димовски-Цолев кој говореше на тема ,, Соживотот на етникумите” потенцирајќи го животот на Евреите со Македонците и со останатите жители своевремено во Битола
Во уметничката програма која ја водеше Анета Шијакова , настапија членовите на Мешаниот камерен младински хор ,,Бутелиот класик хорус”под диригенство на Лилјана Трајковска а како пијанист настапи Весна Дамјановска.
Централно место во изведбата на песните и познатите арии имаше токму идејниот творец на овај проект Димитар Димитровски-Такец,кој во својата деветта деценија од својот богат живот исполнет со уметност креација и естетика,ги воодоошеви присутните на промоцијата на меморијалниот поетско-музички рецитал посветен на депортацијата на битолските Евреи на 11 март 1943 година.”

Доц др Никола Димитров