ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ПЛАН ДОЈРАН

Завршна конференција на проектот План Дојран кој се реализира како дел од програмата за Погранична соработка меѓу РС Македонија и Р. Грција 2014 – 2020 беше организирана на ден 22.09.2020 година во отворениот дел на хотелот „Laterazza “ во Дојран во согласност со почитување на КОВИД – 19 мерките при реализацијата на овој настан. На оваа Конференција поздравно обраќање одржа д-р Марјан Танушевски , Претседател на МНД – Битола, а учество зедоа и Ивана Степанулевска , проектен менаџер, претставници – експерти на Гаус Институт – Битола и Детра Центар – Скопје, како и граѓани на општина Дојран, претставници на невладин и бизнис сектор.