Литературното читање “Во книжевниот универзум на Ацо Шопов“

На 22.12.2023 година (петок), во 12.00 часот, во Офицерски дом – Битола , се
одржa литературно читање на македонски јазик и на англиски јазик по повод стогодишнината од
раѓањето на нашиот голем македонски поетски великан, Ацо Шопов.
Настанот беше во организација на Педагошки факултет – Битола, Македонското научно друштво –
Битола и Културен и информативен центар – Битола.
Учесници во литературното читање беа студенти од Педагошки факултет – Битола, од студиските
програми Англиски јазик и книжевност и Македонски јазик и книжевност, кои во рамките на еден
поголем преведувачки проект, под менторство на вонреден професор д-р Силвана Нешковска,
направија препеви на англиски јазик на дел од песните на Ацо Шопов, но и преводи на неколку
негови раскази и литературни осврти напишана за делата на Шопов.
На настанот свое обраќање имаше  и ќерката на Ацо Шопов, г-ѓа Јасмина Шопова.