ПРЕДАВАЊЕ ЗА ЗДРАВАТА ИСХРАНА ВО ОСМУ „Д-Р ЈОВАН КАЛАУЗИ“ – БИТОЛА

Македонското научно друштво – Битола на 25.12.2025 година одржа едукативно предавање во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи” – Битола. Предавањето беше од областа на здравата исхрана, поврзано со погрешните верувања за храната и исхраната кај младите. Тоа побуди голем интерес кај слушателите и поттикна многу прашања од нивна страна. Реализацијата беше од страна на Билјана Марковска – магистер по нутриционизам и член на МНД.