МНД-Битола промовира монографија за академскиот сликар Борислав Траиковски

Македонско научно друштво-Битола приреди промоција на јубилејна монографија посветена на академскиот сликар Борислав Траиковски со што беше одбележана 100 годишнината од неговото раѓање, како и богатото ликовно творештво на Траиковски.

Монографијата ја промовираа креаторот на проектот д-р Никола Главинче, авторот на текстотвите историчарот д-р Љубен Пауновски и ликовниот уметник Димитар Кочевски-Мичо, а поздравни обраќања имаа директорката на битолскиот Музеј, д-р Мери Стојановска и д-р Марјан Танушевски, претседател на МНД-Битола.

Издавањето на монографијата „Борислав Траиковски“ е поддржано од Министерството за култура.