МНД-Битола одржа редовно изборно Собрание на кое повторно за претседател на МНД-Битола е избран д-р Марјан Танушевски, за потпретседател д-р Деан Илиев, а за претседател на Уредувачки Совет, д-р Даниела Андоновска Трајковска.
Во УО на МНД-Битола ќе членуваат д-р Лидија Стефановска, д-р Мери Џарлиева, д-р Никола Главинче, д-р Александар Литовски, д-р Наташа Мојсовска, д-р Борис Ангелков,м-р Зоран Пејковски и д-р Екатерина Михељкис.
Во НО на МНД-Битола избрани се д-р Мимоза Богданоска Јовановска, д-р Тони Соклевски и м-р Николче Трајчески.
Во Уредувачки Совет избрани се Весна Мундишевска Велјановска, д-р Сашо Кошанковски, д-р Невена Груевска и Петре Димовски.
Во Етичка Комисија избрани се д-р Нико Јанков, Милица Радевска Димитријовска и д-р Марија Димовска Котевска.
На изборното Собрание едногласно беа прифатени Извештајот за работата на МНД-Битола во 2016-2018 и Програмата за работа во 2018-2020 година.