Промоција на Јубилејните Броеви на Списанието за Култура – Литература, Драмска Уметност, Филм и Издаваштво – Современи Дијалози бр. 10 и 11 и одбелњжување на Меѓународниот ден на поезијата

На 21.03.2023 година во Салата за промоции на НУУБ “Св. Климент Охридски” – Битола се
одржа промоцијата на на Јубилејните Броеви на Списанието за Култура – Литература, Драмска
Уметност, Филм и Издаваштво – Современи Дијалози бр. 10 и 11, притоа се обележа и
меѓународниот ден на поезијата.

Современи Дијалози се од круцијално значење за
литературата, драмската уметност, филмот и издаваштвото, но исто така се и богатство од
непроценливо значење. Овој прекрасен настан беше совршен склоп на промоција на двата
јубилејни броеви и денот на поезијата.

Д-р Даниела Андоновска-Трајковска и м-р Николче
Трајчевски накратко им ја доловија важноста и делото на ова списание на присутните. По
излагањата на Д-р Даниела Андоновска-Трајковска и м-р Николче Трајчевски следуваше
рецитал од студентите на Педагошки факултет – Битола со кој се заврши и овој импресивен
настан.