д-р Соња Китановска-Кимовска

Проф. д-р Соња Китановска-Кимовска (родена на 8.10.1979 во Битола) е доктор на филолошки
науки од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што работи како вонреден
професор по англиски јазик и преведување при Катедрата за преведување и толкување.
Завршила втор циклус (магистерски) студии во Истражувачкиот центар за англиски јазик и
применета лингвистика при Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија, како добитник на

престижната стидендија „Чивнинг“ на Министерството за надворешни работи на Обединетото
Кралство, во соработка со Институтот отворено општество и Фондот за странски студенти при
Универзитетот во Кембриџ.
Проф. д-р Китановска-Кимовска има објавено 4 книги од областа на преведувањето,
англискиот јазик и применетата лингвистика и родителството; над 30 научно-истражувачки
трудови во референтни домашни и меѓународни публикации на теми од науката за
преведувањето, стилистиката, наставата за преведувачи и професионалните аспекти на
преведувањето, а учествувувала на голем број меѓународни конференции во земјата и
странство каде што изложила над 30 свои реферати на преведувачки теми.
Д-р Китановска-Кимовска има богато професионално искуство како преведувач/толкувач за
меѓународни организации, компании и агенции и се служи со најсовремените алатки за
компјутерски потпомогнато преведување. Во 2003 година е назначена за постојан судски
преведувач од македонски на англиски јазик и обратно од Министерството за правда на РСМ.
Д-р Китановска-Кимовска е активна и во невладиниот сектор како член на раководни органи
на неколку граѓански организации: член на Управниот одбор на Менса Македонија (2003-2005)
и член на Органот на управување на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република
Северна Македонија (ЗПРМ) (2013 до денес). Од декември 2022 година е член на техничкиот
комитет при Институтот за стандардизација на РСМ ТК 39 – Јазици, терминологија,
преведување, толкување и поврзаната технологија.
Д-р Соња Китановска-Кимовска е член на научни здруженија, и тоа на: Европската асоцијација
за истражувања во областа на преведувањето (ЕСТ) од 2016 г. и на Меѓународната асоцијација
за традуктолошки и интеркултуролошки проучувања (ИАТИС) од 2018 г.