Меморандум за соработка меѓу Македонскиот центар за лобирање и ААЛЕП од Брисел

Македонскиот Центар за лобирање (МЦЛ), кој работи во состав на Македонско научно друштво МНД-Битола, потпиша Меморандум за директна соработка со Асоцијацијата на акредитирани лобисти во Европскиот парламент-ААЛЕП со седиште во Брисел.

Станува збор за документ со кој се овозможува развој на академската соработка и едукација во областа на јавните политики и јавното застапување. Меморандумот е потпишан од страна на раководителот на МЦЛ доц. д-р Марјан Танушевски и претседателот на ААЛЕП, Кристијан де Фоулоу.

Со документот е овозможена размена на стручна литература и друг материјал за учење, заедничка промоција и учество во истражувачки активности во области од заеднички интерес, поддршка на релациите со бизнис секторот и други институции, соработка со факултети и размена на студенти, издавање на заеднички публикации и други активности од сферата на академскиот живот.

Раководителот на Центар за лобирање при МНД-Битола, доц. д-р Марјан Танушевски на 07 мај на Економскиот факултет во Загреб одржа предавање посветено на македонските искуства за лобирање, а на 08 мај изведе стручна презентација во Надворешно-трговска Комора на Босна и Херецеговина во Сараево.