На 09.02.2012 год. излезе од печат книгата “Животот е бодликава угорнина” од писателот Богоја Таневски во издание на МНД Битола. Книгата содржи 205 стр., фромат 25cm, и отпечатена е во 200 примероци .
На 10.02.2012 год. се одржа седница на Одделението за лингвистика и литература при МНД каде се даде предлогот за организирање на стручно-научни трибини на тема:
- Прослава на годишнината на Блаже Конески, со конкретна тема “Заштита на Македонскиот јазик во современи услови” и
- “Пелистер како креативен предизвик на творците во уметностите”
На 16.02.0212 год. во 11:00 во посета на Друштвото дојде членот на МНД Елизабета П.Рамова со предлог да Центарот за применети медицински науки продолши со работа со нови предавања од обласна на алтернативната медицина за потребите на Здружението на пензионери-Битола и за целокупното членство на МНД. Предавањето ке се одржи на 16.03.2012 год. во салата за промоции на НУУБ “св.Климент Охридски” Битола.
На 21.02.2012 год. се одржа промоцијата на книгата “Дедо Кољо Добровенски Мариовско-лерински војвода”-од проф.Ѓорѓи Лазаревски. На промоцијата присуствуваа голем број заинтересирани. Со пригоден говор настапи градоначалникот на Општина Новаци г-дин.Лазар Котевски, промотор: Никола Миновски

На 27.02.2012 год. во посета на МНД беше проф.д-р.Цветко Смилевски од БАС Академијата со предлог-договор за соработка меѓу неговата Академија и МНД. Предлог-договорот ке биде разгледан на наредниот Управен одбор на МНД. На истата средба беше разговарано за конкретни активности за организирање на заеднички симпозиуми, предавања и трибини.
