Позначајни настани 2012

На 08.01.2012 год. во 12:00 Се одржа 54-та редовна седница на Управниот Одбор на МНД Битола на која беше усвоен предлогот за отварање на нов Центар за односи со јавноста и журналистика при Одделениото за опшествени науки.

На 06.01.2012 год. излезе од печат книгата “Дедо Кољо Добровенски” од Ѓорѓи Лазаревски во издание на МНД Битола. Книгата содржи 111 стр., фромат 21cm, и отпечатена е во 600 примероци.

На 09.01.2012 год. е поднесена алпикацијата “Конституирање на Тренинг центар за лица со посебни потреби” до USAID Macedonia од страна на МНД Битола и истоимената комплементарна апликација од Здружение на инвалидски пензионери и инвалиди на трудот-Битола, Новаци и Могила.Изготвувачи на апликациите: проф. д-р  Борис Ангелков, д-р Лилјана Кочанковска, м-р Сашо Кочанковски, прим. д-р Нико Јанков, дипл. инж. Билјана Павловска, дипл. псих. Александра Сокаровска, дип. ецц. Стево Бојаџиевски, Раде Ангелковски.

На 11.01.2012 год. во 12:00 во просториите на МНД Битола се одржа првиот состанок на Одделението за правни науки од почетокот на неговото формирање. На состанокот беа пристуни Секретарот Никола Тунтевски, поранешниот пртседател на МНД и член на истото Одделение  м-р Божидар Кочов, и членовите д-р Крсте Крајовски и м-р Мирјана Ристовска.

На 12.01.2012 год. излезе од печат книгата “И да си победник и да си победен е исто” од авторот д-р Благоја Брајановски во издание на МНД Битола. Книгата содржи 418 стр., фромат 25cm.

На 18.01.2012 год. излезе од печат книгата “Илјада афоризми” од проф.д-р.Миле Миќуновиќ во издание на МНД Битола. Книгата содржи 260 стр., фромат 14cm, и отпечатена е во 500 примероци.

На 26.01.2012 год. во 18:00 се одржа втората седница на Одделението за правни науки на МНД Битола. На седницата беа изнесени доста конструктивни идеи, мислења во врска со програмата за работа во оваа година.Присутни беа осум членови а отсуството го оправдаа тројца членови.

На 27.01.2012 год. во 12:00 се одржа промоцијата на книгите “Недопирлив Хоризонт” и  “Генимаале” од авторот Методија Христовски. На промоцијата присуствуваа голем број заинтересирани. Промотори: Добре Тодоровски,писател, м-р Зора Русомарова – Теговска и поч. доктор проф. Владимир Костов, писател.