СТРУЧНО ПРЕДАВАЊЕ СО ГОСТИ ОД АМЕРИКА

Одделението за медицина приреди стручно предавање на тема „Менаџирање на болка“ кое го одржаа гостите од САД Д-р. Енди Сандрес – интернист, координатор на програмата „Американските доктори за Македонија“, Д-р. Тимоти Гол – семејна медицина и Д-р. Томас Битс – палијативна медицина. Модератор на настанот беше Прим. м-р Д-р. Лилјана Кочанковска – специјалист по семејна и општа медицина, а го следеа доктори од Клиничка болница и Здравствен дом, студенти од Високата медицинска школа, членови на МНД-Битола.