ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНА ОД ОСНОВАЊЕТО НА МНД-БИТОЛА

МНД-Битола денот на основањето 25.04.1960 година го одбележа со „Ликовно-поетска манифестација“ посветена на творештвата на ликовниот уметник Панде Петровски и поетот Панде Манојлов.

На свеченоста во Битолскиот Музеј гостите ја погледнаа Изложбата на дела од Друштво на ликовните уметници на Битола-ДЛУБ, Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ и Меѓународна ликовна колонија „Нижо Поле“, со чии водства МНД-Битола во иднина ќе соработува за што е потпишан Меморандум.