52та годишнина на МНД Битола

На денешен ден 1960 год, како што знаете е формирано Македонското научно друштво во Битола и по тој повод Македонската телевизија на својата прва програма во емисијата Времеплов и други информативни агенции го одбележаа овој значаен датум за македонската понова историја и култура. Во најавата беше истакната богатата и успешна 52 годишна работа на МНД во областа на научно-истражувачката, образовната, публицистичката и културно-уметничка дејност. Ова е уште еден доказ за значењето на нашето Друштво во пошироката општествена заедница.

Искрени честитки до сите вас.