Традиционална Комеморација по повод Холокаустот во Битола

На 13 Март (вторник) 2012 год. во салата за промоции на НУУБ “Св.Климент Охридски”-Битола се одржи Традиционална Комеморација по повод Холокаустот во Битола на која присуствуваа околу 80 гости во програмата учествуваа:

  • Вокално-инструменталниот камерен состав “AD LIBITUM ART” под диригенство на д-р. Екатерина Јосифовска.
  • М-р. Мери Кавкалева-Стоилкова, пијано придружба и младите виолинисти Марио Робе и Дарко Гроздановски.
  • Изведена беше драматизацијата “Возот на плачот” од авторите: м-р. Зора Русомарова и Методија Христовски со учество на ученици од СОУ “Таки Даскало” и ОУ”Даме Груев”.
  • Историските аспекти за Холокаустот ги изнесе проф. Ѓорѓи Димовски-Цолев

На крајот спомени за Холокаустот евоцираа:

  • Димитар Димитровски
  • Методија Христовски
  • Митко Велјановски
  • Петар Ивановски