НАЈАВА ЗА СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 65-ТИОТ РОДЕНДЕН НА МНД

Почитувани членови на МНД, почитувани соработници, медиуми и пошироко граѓанство,

Македонското научно друштво – Битола ве поканува да присуствувате на настаните кои ги организира по повод својот голем јубилеј – 65 години од основањето:

– 23.4.2025 година (среда) во 19 ч. во Музеј и галерија „Ранко Струмениковски“ – Битола – ЛИКОВЕН ОМАЖ – изложба на ликовни дела од членови на МНД,

– 24.4.2025 година (четврток) во 10 ч. во просториите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола – ИСТОРИСКИ ЧАС

– 24.4.2025 година (четврток) во 19 ч. во НУ Народен театар – Битола – СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА во чии рамки ќе бидат доделени признанија и благодарници на истакнати членови и соработници на Друштвото и ќе биде промовиран документарниот филм снимен за 65-годишното постоење на МНД.