Македонското научно друштво – Битола го објави бројот 18 од Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ за 2026 година, кое се издава со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на РСМ.
Списанието го уредува редакција во состав: Весна Мундишевска Велјановска (главен уредник), проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, проф. д-р Силвана Нешковска и доц. д-р Анита Ангелевска (уредници), во соработка со меѓународен уредувачки одбор во состав: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија/ Босна и Херцеговина), проф. д-р Тземин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), вонр. проф. д-р Михо Нонака (Јапонија/ САД), Олга Лалиќ-Кровицка (Полска), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина) и Жермен Дрогенброт (Белгија/ Шпанија).
„Современи дијалози“ бр. 18 за 2026 година содржи прилози од вкупно 38 автори и 7 ликовни уметници. Читателите можат да прочитаат поезија од: Оливера Андоноска, Лили Бошевска, Милица Димитријовска-Радевска, Никола Илијовски, Елизабета Јончиќ, Силвана Нешковска, Михајло Свидерски, Мирјана Стојановска и Габриела Стојаноска; проза од: Гордана Гравчева-Ивановска, Петре Димовски, Златко Жоглев и Оливера Ќорвезироска; расказ за деца и млади од Даниела Андоновска-Трајковска; согледби од: Јованка Д. Денкова, Весна Мундишевска-Велјановска и Зоран Пејковски.
Во рубриката „Акценти“ одбележан е јубилејот 80 години од животот и 55 години творечка дејност на писателот Петре Димовски, како и јубилејот 90 години од раѓањето на академскиот сликар Ранко Струмениковски со текст за промоцијата на книгата „Дрвото што гледа: поезија инспирирана од делата на Ранко Струмениковски“. Во оваа рубрика застапени се и дел од бројните активности на Македонското научно друштво – Битола.
Во рубриката „Паралели“ посветена на меѓународната соработка, застапени се 21 автор од 16 земји: Австрија, Албанија, Белгија, Босна и Херцеговина, Грција, Индија, Ирска, Кина, Кореја, Косово, Палестина, Полска, САД, Франција, Холандија и Шпанија.
Корицата ја дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со илустрација од ликовниот уметник Ранко Струмениковски, а во овој број на списанието објавени се и шест илустрации од ликовните уметници Омбрета Дољоти (Италија), Васко Ѓоргиев, Димитра Марини (Грција), Владимир Младеновски, Јана Николовска и Владан Рангеловиќ (Србија), како најава за секоја рубрика.
Во овој број на списанието со преводи/препеви на творби од странски автори соработуваа: Даниела Андоновска-Трајковска, Стенли Баркан, Билјана Билјановска, Бенеса Бухмала, Милијан Деспотовиќ, Милица Димитријовска-Радевска, Жермен Дрогенброт, Елизабета Јончиќ, Ива Катунди, Олга Лалиќ-Кровицка, Весна Мундишевска-Велјановска, Габриел Росенсток, Зора Русомарова, Ахмет Селмани и Јин Шјиаојан.
Списанието е достапно и во електронска верзија која може да се најде на вебстраницата на Македонско научно друштво – Битола https://mnd-bitola.mk/wp-content/uploads/SOVREMENI-DIJALOZI-18_2026_Contemporary-dialogues.pdf .
