Јавен повик за учество на тркалезна маса „Делото на Конески – постојан извор на истражување во науката за јазикот, литературата и културата“

Почитувани,

По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески и прогласувањето на 2021 за година на Конески, Педагошкиот факултет и Македонското научно друштво од Битола организираат Тркалезна маса со наслов „Делото на Конески – постојан извор на истражувања во науката за јазикот, литературата и културата“.

За таа цел, Ве повикуваме на учество и придонес со ваши трудови за организација на тркалезна маса која реализира две основни начела на Педагошкиот факултет – Битола и Македонското научно друштво – Битола : чествување на Конески и афирмација на македонскиот јазик.

Од оправдани причини Тркалезната маса со наслов „ДЕЛОТО НА КОНЕСКИ – ПОСТОЈАН ИЗВОР НА ИСТРАЖУВАЊА ВО НАУКАТА ЗА ЈАЗИКОТ, ЛИТЕРАТУРАТА И КУЛТУРАТА“,  која беше најавена да се одржи на 28.05.2021год., се преместува на 01.06.2021 година.
 
Исто така рокот за пријавување на апстрактите се продолжува до 15.03.2021 година. 

Повеќе информации https://mnd-bitola.mk/wp-content/uploads/trkalezna-masa-Deloto-na-Koneski.pdf