Седници на Управен одбор на МНД – Битола 2020 – 2022

Управниот одбор на МНД – Битола, првата седница во новоизбран состав ја одржа на 14.10.2020 година, а на дневен ред беше утврдување на динамика за избор на секретари на Одделенијата на МНД – Битола како и предлог Програма за одбележување на 10-ти Ноември – Светскиот ден на науката.

Втората седница на Управниот одбор на МНД – Битола  се одржа на 10.11.2020 година и притоа се донесоа следните одлуки : Одлука за формирање на Уредувачки совет на списанието „Современи дијалози“, Одлука за назначување на секретари на одделенијата на МНД – Битола како и Одлука за почнување на постапка за прием на редовни членови на МНД – Битола. На оваа седница беа одржани он-лајн обраќања од страна на проф.д-р Цветко Смилевски, претседател на наставно – научниот совет на БАС Институт за менаџмент – Битола и проф. д-р Ленче Петреска, ректор на МСУ „Гаврило Романович Державин“ – Битола по повод одбележувањето на 10-ти ноември – Светскиот ден на науката.

Третата седница на УО на МНД – Битола се одржа на 23.12.2020 година, а на дневен ред беа : Утврдување на роковник за поднесување на идеи за годишна програма за работа на МНД – Битола за 2021 година и беше донесена одлука за прием на редовен член во одделението за општествени науки како и одлука за почнување на постапка за прием на редовен член во одделението за лингвистика и литература. Д-р Невена Груевска , пратседател на МНД – Битола исто така даде информација за извршената промена на овластено лице на МНД – Битола.

Четвртата седница на УО на МНД – Битола се одржа на 28.01.2021 година, а на Дневен ред беа следниве точки : Усвојување на Годишна програма за работа на МНД-Битола за 2021 година, за која што д-р Невена Груевска пред присутните членови во кратки црти ја опфати содржината и посочи на организирана соработка на сите одделенија на МНД-Битола за  реализација на истата. Исто така на оваа седница беше споделана информација за воспоставување на соработка со Здружение на пензионери од Битола.

Петтата седница на УО на МНД-Битола се одржа на 09.03.2021 година, а на Дневен ред беа следниве точки : Предлог – одлуки за почнување на постапки за публикување на книгите „Ајде да зборуваме и да пишуваме правилно македонски ( четврто дополнето издание ) од авторот Здравко Божиновски и книгата „Управување со кредитниот ризик во банкарското работење“ од авторот д-р Марина Блажековиќ – Тошевски, одлука за почнување на постапка за прием на редовни членови во МНД-Битола, како и Одлука за промена на претставник на МНД-Битола во Научен совет на ЈУНП „Пелистер“ – Битола. Од страна на одделенеито за правни науки исто така беше споделена информација за реализираната програмска активност на ова одделение и Правниот факултет при УКЛО – Битола.

Шестата седница на Управниот одбор на МНД-Битола беше одржана на 12.04.2021 година, а на истата беа донесени одлука за усвојување на Завршната сметка за финансиското работење на МНД-Битола за 2020 година и беше усвоен Извештајот на Надзорниот одбор на МНД-Битола за усвоените финансиски извештаи за работата на МНД-Битола за 2020 година. Исто така беа донесени одлуки за публикување на книгите „Ајде да зборуваме и да пишуваме правилно македонски ( четврто дополнето издание ) од авторот Здравко Божиновски и „Управување со кредитниот ризик во банкарското работење“ од авторот д-р Марина Блажековиќ – Тошевски. Беше донесена и одлука за прием на редовни членови во одделението за општествени науки ( д-р Марина Блажековиќ – Тошевски ) и одделението за правни науки ( д-р Ивона Шушак – Лозановска ). На оваа седница исто така беа донесени предлог-одлуки за прием на Вера Благојевиќ и д-р Весна Милевска како редовни членови на МНД-Битола. Од страна на д-р Марјан Танушевски беше споделена информација за организирање на фото – изложба „Наши години“ по повод 61-от роденден на Друштвото.