МНД-Битола коорганизатор на научен симпозиум за австро-унгарскиот конзулат во Битола

Македонско научно друштво-Битола во соработка со амбасадата и почесниот конзулат на Австрија во Битола, како и други национални и локални институции, одржа научен симпозиум на тема „Почетоците на австриската дипломатија во Македонија со посебен осврт на австро-унгарскиот конзулат во Битола 1851-1919 година“.

Носител на организациските активности е д-р Валентина Илиева, член на МНД-Битола и почесен австриски конзул.

Трудовите ќе бидат публикувани во Зборник, чиј издавач ќе биде Македонско научно друштво-Битола.