Документарен филм „Уметникот од фронтот – Валентин“, проект на МНД-Битола

Македонско научно друштво-Битола вечер го промовира документарниот филм „Уметникот од фронтот – Валентин“, посветен на францускиот војник Етјен Андре Валентин, учесник на Македонскиот фронт во Првата светска војна.

Цртежите на Валентин денес се сочувани и се дел од семејното наследство на неговата внука Нели и нејзиниот сопруг Жерар Гијар кои живеат во Нормандија, Франција.

Сценариото за документарниот филм „Уметникот од фронтот – Валентин“ го подготви Силвана Петрова Насух, режисер е Миле Гроздановски, а филмот го изработи „Креатив продукција“ од Битола.

Докумантарниот филм во издание на МНД-Битола е изработен во рамки на програмата за соработка помеѓу Регионот Нормандија – Република Франција и Република Македонија, и со поддршка на АЛДА-Скопје.