Завршен настан на проект Plan D.oiran

На 24.06.2022 година на локацијата Музеј Дојрани ( во близина на градот Кукуш, Р. Грција ) се одржа завршниот настан на проектот Plan D.oiran, на кој учество зедоа претставници на сите партнерски организации : Регионот Централна Македонија, Општина Кукуш, Општина Дојран и Македонско научно друштво – Битола. Како претставници на нашата институција, д-р Невена Груевска, претседател на МНД-Битола и Ивана Степанулевска, проектен менаџер, направија кратко презентирање на севкупните активности на МНД-Битола како проектен партнер и подарија промотивен материјал на секоја партнерска организација.