Одбележување на јубилеј – 60 години МНД-Битола

МНД-Битола го одржа централниот настан по повод 60 години постоење на Друштвото.

Во Пацио на НУ Завод и Музеј-Битола беа доделени посебни кристални коцки на претседателот на РСМ, Министерство за култура, Општина Битола, МАНУ и основачот м-р Јован Д. Кочанковски. Награди и јавни благодарници беа доделени и на градоначалникот на Битола м-р Наташа Петровска, претседателот на Совет на Општина Битола Валентин Груевски, како и на други претставници на институции и поединци кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на МНД-Битола.