На 29 април 2025 година, на Педагошкиот факултет во Битола, Македонското научно друштво – Битола реализираше едукативна работилница на тема „Француските зборови (галицизми) во македонскиот јазик“, на која беше истакнато влијанието на францускиот врз македонскиот јазик преку употребата на галицизми. Работилницата ја водеше проф. д-р Зоран Николовски, кој на присутните студенти им понуди интересен и интерактивен преглед на зборови со француско потекло што го збогатуваат македонскиот јазик, истакнувајќи ги нивните значења, потекло и примена во различни области – од мода и политика до култура и спорт. Настанот не само што придонесе за јазична едукација, туку нè потсети и на богатата културна и јазична размена и поврзаност меѓу македонската и француската културна традиција.