ТРИБИНА „25 ГОДИНИ ОД ВОЕНИОТ КОНФЛИКТ ВО МАКЕДОНИЈА“

Македонското научно друштво – Битола на 19.3.2026 година со почеток во 18 ч. во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола одржа трибина на тема „25 години од воениот конфликт во Македонија“ со посебен акцент на учеството на Битола и битолско (сеќавања, споделени искуства и заклучоци). На настанот говореа проф. д-р Менде Солунчевски – член на МНД и раководител на Одделението за општествени науки, полковник Ѓорѓи Ѓуровски – заменик командант на Вториот армиски корпус (2АК) со седиште во Битола во 2001 г. и Јоле Салески – шеф на отсекот за воена обврска во Подрачната единица за одбрана (ПЕО)-Битола. Во вториот дел од трибината во дискусијата учествуваа и генерал потполковник Драган Адреевски, капетан прва класа Панде Ѓорчевски и војник Димко Десковски.