ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „УЧЕСТВОТО НА ВОЕНИТЕ СТАРЕШИНИ И ВОЈНИЦИ ОД БИТОЛА И БИТОЛСКО ВО ВОЈНАТА ВО 2001 ГОДИНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ ОД МЕНДЕ СОЛУНЧЕВСКИ

На 6.6.2026 во 18 ч. во Народен театар – Битола се одржа промоција на книгата „Учеството на воените старешини и војници од Битола и битолско во војната во 2001 година во Република Македонија“ од проф. д-р Менде Солунчевски. Книгата е во издаваштво на Македонско научно друштво – Битола, а ја промовираше проф. д-р Методија Дојчиновски.