На 17.10.2024 година во просториите на Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа Изборно собрание на Македонското научно друштво (МНД) на кое како нов претседател едногласно беше избрана проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска.
Во присуство на ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и поранешен претседател на МНД, проф. д-р Игор Неделковски, проректорот проф. д-р Јове Д. Талевски, проректорката проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, претходните претседатели на МНД-Битола проф д-р Борис Ангелков, проф. д-р Марјан Танушевски и голем број на професори и членови на Друштвото, досегашната претседателка, проф. д-р Невена Груевска, го презентираше извештајот за реализираните активности на Друштвото во нејзиниот мандатен период (2022-2024 година) при што особено ја истакна соработката на МНД со УКЛО, во рамките на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС. Свое обраќање имаше и ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски кој кажа дека хронолошки Друштвото е формирано пред Универзитетот, односно во 1960 година и дека во таа смисла тоа е предок за кој Универзитетот треба да се грижи и тоа преку соработка и поддршка.
Изборното собрание продолжи со избор на новиот претседател на МНД за периодот 2024-2026 година, проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, долгогодишен активен член на Друштвото и редовен професор на Педагошки факулет – Битола. Во својата кандидатура проф. д-р Андоновска-Трајковска нагласи дека Друштвото има долга и богата традиција од 64 години и дека истата треба да се негува и одржува и дека сето тоа ќе се постигне со соработка и придонес од страна на сите членови на Друштвото.
За потпретседател на МНД, во новиот мадатен период, беше предложена и избрана проф. д-р Силвана Нешковска, вработена на Педагошки факултет – Битола, а беа избрани и членовите на другите работни органи и тела на Друштвото и тоа:
Управен одбор:
проф. д-р Мимоза Јовановска Богдановска (Одделение за општествени науки),
проф. д-р Ангелина Станојоска (Одделение за правни науки),
проф. д-р Наташа Блкажеска-Табаковска (Одделение за технички науки),
проф. д-р Весна Карапетровска-Христова (Одделение за природни науки),
д-р Татјана Струмениковска-Ристевска (Одделение за применети науки и медицина),
Панде Петровски (Одделение за уметност),
Весна Мундишевска Велјановска (Одделение за лингвистика),
м-р Стефан Караџовски (Одделение за историско-географски науки).
Уредувачки совет:
проф. д-р Моника Ангеловска Дичовска (претседател)
проф. д-р Билјана Цветкова Димов,
проф. д-р Невена Груевска,
проф. д-р Гордана Стојаноска
и д-р Весна Калпаковска.
Надзорен одбор:
д-р Гоце Марковски,
д-р Никола Главинче и
проф. д-р Марија Котевска-Димовска
Етичка комисија:
проф. д-р Валентина Гулевска,
проф. д-р Филип Поповски
и м-р Николче Трајчевски.